Синоќа се случи најголемото изненадување во Серија А, откако фудбалерите на Емполи направија сензација што ќе се памети и во последните десетина години, откако со паметна и смирена игра ги казнија грешките на противникот и како гости го совладаа големиот Јувентус со 1-0.
Тоа беше само трет триумф во историјата против ривалот од Торино, а прв по далечната 1999 година, што дава дополнителна вредност на успехот. Токму поради тоа, тренерот на оваа екипа, Ауреалио Андреацоли, разбирливо беше еуфоричен по средбата.
„Им реков на моите играчи дека можат да го направат тоа, а сега видоа дека тоа е и можно. Сите сме исти, имаме две нозе, две раце и срце. Ова е денот за кој можеме да им раскажуваме на нашите внуци, победа која ќе се прераскажува со децении. Не само резултатот, туку и одлична игра против овие шампиони“, изјави Андреацоли.
Ова беа првите три бодови за Емполи сезонава, со кои се најде на 11. место, а кои може да ги удвои во следното коло, со оглед што ќе игра против Венеција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА