Фудбалерите на Барселона му ја обезбедија 28. титула во шпанскиот шампион откако на гости го совладаа градскиот ривал Еспањол со 0-2 и на две кола пред крајот на првенството имаат недостижни седум бода повеќе од Реал Мадрид.
Тренерот на Еспањол, Маноло Гонзалес, по натпреварот жестоко го критикуваше Ламине Јамал поради изнудениот црвен картон во 80. минута.
„Јамал е многу добар фудбалер, но не треба да симулира така. Му реков во лице да престане да провоцира и да глуми! Тоа не беше остар старт, а тој падна и почна да се тркала“, изјави Гонзалес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

