Тренерот на ФЦСБ: Шкендија е квалитетен тим, мораме да бидеме фокусирани

Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија утре на домашен терен ќе го пречека романскиот ФЦСБ во првиот натпревар од двомечот од 2. коло во квалификациите во Лигата на шампионите.

Тренерот на романскиот тим, Елиас Хараламбус пред утрешниот меч кој е со почеток во 20 часот

„Шкендија е тим што го освои првенството. Секој тим што ќе освои првенство значи дека има квалитет. Утре очекуваме тежок натпревар. Мораме да ја играме нашата игра, почитувајќи го противникот. Фокусирани сме на она што треба да го направиме. Им повторувам на моите играчи: победите носат победи. Имаме многу квалитет, а тимот ќе изгледа подобро од натпревар до натпревар. Мораме сериозно да ги сфатиме сите натпревари, го сфаќаме чекор по чекор. Важно е да бидеме многу фокусирани утре. Размислуваме само за Шкендија“, вели Хараламбус.

Се вчитува...