Тренерот на ФЦСБ: Веруваме дека можеме да ја елиминираме Шкендија

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија утре ќе му гостува на романскиот ФЦСБ во реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Нашиот тим има предност од 1-0 од првиот меч, но тренерот на Романците, Елијас Хараламбус верува во своите играчи.

„Најважно е што се вративме на Националната Арена. Тоа е стадион на кој сакаме да играме.Познато е дека постигнуваме одлични резултати на овој стадион. Ќе мора да го имаме поседот, ќе мора да играме брзо. Со помош на нашите навивачи ќе бидеме подобри. Играчите мора да играат и за нашите навивачи. Не размислувам за пенали. Сметам дека имаме квалитет и порано да го завршиме овој натпревар“, вели Хараламбус.

Се вчитува...