Тренерот на Глазгов Реџерс: Фантастично е што Миовски даде два гола

Бојан Миовски беше најдобар поединец во таборот на Глазгов Ренџерс, со два гола предводејќи го својот тим до триумф на гостувањето против Килмарнок.

Критикуван поради слабите изданија во претходните месеци, Миовски се издигна над проблемите и постигна два прекрасни погодоци со што ги собра комплиментите од навивачите, но и од тренерот Дени Рол кој не го криеше задоволството по изданието на нашиот репрезентативец.

„Не сум изненаден бидејќи сите знаеме дека Бојан е одличен напаѓач. За мене, неговиот настап е резултат на работата во последните седум дена. Имавме разговор, а потоа имаше огромен напредок и на последниот дуел со Данди јунајтед на кој се најде во одличнни шанси. Што му реков? Побарав повеќе да се адаптира на нашата игра, не само да стои во линија со дефанзивците, туку да доаѓа подлабоко, да учествува и при градењето на нашите акции. Тој исто кажа што мисли, јас му објаснив како очекувам напаѓачите да го користат просторот пред нив. Среќен сум, фантастично е што Миовски даде два гола“, изјави Дени Рол.

Се вчитува...