Одлични вести доаѓаат од Зимските олимписки игри во Пекинг. Тренерот на македонските нордијци, Ставре Јада и Ана Цветановска, Борче Јованоски излезе од изолација и им се приклучи на тренинзите на своите натпреварувачи.
Тој по доаѓањето во Пекинг доби позитивен тест на корона, по што мораше да го пропушти свеченото отворање и беше упатен во изолација.
По два негативни теста конечно организаторите му дозволија да излезе од изолација, а тој веднаш се упати на тренинг со своите пулени.
„По два негативни теста јас и моите спартанци на тренинг“, напиша Јованоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА