Стратегот на Јагиелонија, Адријан Сиемиениец, ги предупреди своите избраници дека ги очекува жестока битка доколку сакаат да стигнат до победа над Шкендија и да направат уште еден чекор напред кон нокаут фазата од Конференциската лига на УЕФА.
Полскиот тим има четири бода по првите две рунди, како благ фаворит допатува во Скопје, но 33-годишниот стратег е свесен дека нема да биде нималку лесно да се стигне до цел плен, за што е неопходна максимална борбеност во ткот на сите 90 минути.
„Имаме некакво искуство бидејќи веќе игравме со Динамо Сити Тирана, тим од овој регион. Знаеме дека во Шкендија играат пред се фудбалери од Македонија, Албанија и Косово, очекуваме дуел со ривал кој ќе сака да победи, кој ќе игра офанзивно и сигурно ќе биде максимално агресивен во дуелите. Тие немаат што да загубат, а можат многу да добијат ако слават и стигнат до својата втора победа. Затоа мораме да бидеме максимално ангажирани, притисокот е врз нас и мораме да бидеме најдобри што можеме за да ги освоиме бодовите. Многумина мислат дека ќе ни биде лесно, но тоа воопшто не е точно. Шкендија е дебитант, даѓа од помала земја и послаба лига, но веќе покажа дека игра квалитетен фудбал“, полн со респект е полскиот стратег за актуелниот шампион на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

