Тренерот на Јокиќ ја отфрла можноста за Србинот да добие супер-партнер

Лошиот старт на сезоната и преголемото темелење на Никола Јокиќ кој и покрај тоа што пружа рекордни индивидуани партии, не може сам да до одведе Денвер до титула донесе бројни гласини за можен трејд за засилување на тимот од Колорадо.

Од Џими Батлер до Деарон Фокс, Зек Лавин и Јонас Валанчиунас, бројни кошаркари се споменуваат како засилување на Денвер, но тренерот Мајк Мелоун ги отфрли гласините велејќи дека и тој и раководството на клубот се задоволни од ростерот со кој располага.

„Многу од тие написи се гласини. Не знам ни од каде доаѓаат. Читаме разни работи кои не сакаме да ги читаме. Зборував во Калвин и тој верува во овој тим кој го имаме. Без разлика на тоа што пишуваат медиумите тој е во контакт со кошаркарите и агентите и тие ја знаат вистината“, изјави Малоун.

Се вчитува...