Денвер Нагетс без својата најголема ѕвезда, Никола Јокиќ не наликува на плеј-оф тим, а за тоа говори и убедливиот пораз од ЛА Лејкерс во последниот НБА натпревар.
По истиот за медиумите говореше и тренерот Мајк Малоун кој откри нови вести во однос на двете повреди со кои се справува српскиот центар. Една од нив е на лактот, а другата е на скочниот зглоб.
„Повеќе за статусот на Јокиќ и Мареј ќе знаеме пред натпреварот со Портланд во петок. Мареј е поблиску до враќање на теренот од Јокиќ“, изјави Малоун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА