Тренерот на Карабаг, Гурбан Гурбанов, по убедливиот пораз на неговиот тим на гостувањето кај Динамо во Загреб (3-0) изјави дека „жали за пропуштените можности“, но и дека „верува дека не е сè загубено“ за неговиот тим.
„За жал загубивме со голема разлика. Знаевме дека играме против одличен тим. Создадовме можности, но не успеавме да ги реализираме. Му честитам на Динамо за заслужената победа. Се надевам дека ќе одиграме подобар натпревар во Баку, дека ќе бидеме подобри во реализацијата, верувам дека сè уште не е загубено и дека со добра игра можеме да бидеме тие што ќе избориме пласман во Лигата на шампионите“, изјави Гурбанов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА