Лос Анџелес Клиперс славеа по десетти пат во последните 12 натпревари, синоќа со 100-132 на гостински терен над Бруклин Нетс. Хрватскиот центар Ивица Зубац имаше одлична партија, забележувајќи го својот 50-ти „дабл-дабл“ со 21 поен и 12 скока, но одигра само 24 и пол минути и не се појави во последната четвртина.
До скорот дојде без ниту едно промашување од поле (9/9 за два), а единствениот обид што не мина низ обрачот беше од линијата за слободни фрлања, од каде шутираше 3/4.
Добар натпревар одигра и српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ, со осум поени, шест скока и девет асистенции.
Па, тренерот на Клиперс, Тајрон Лу, на прес-конференцијата зборуваше токму за соработката на Зубац со Богдановиќ, истакнувајќи дека сака уште повеќе да го вовлече Богдановиќ во играта со Зубац, на што следеше прашање дали тие двајцата комуницираат на својот јазик, а Лу одговори низ смеа…
„Да. И, не ми се допаѓа тоа“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА