Тренерот на Краковија потврди заминување на Македонецот: Атанасов чека понуди од други клубови

Јани Атанасов зимава ќе ја напушти Краковија и ќе се пресели во друг клуб. Ова го потврди тренерот Давид Крочек кој истакна дека ќе го нема македонскиот интернационалец на натпреварот со Раков.

Истакна дека ситуацијата со Атанасов е тоа што чека понуди да може да замине.

„Атанасов нема да настапи на мечот со Раков. Зборувавме со него, и чисто му ја објаснивме ситуацијата. Тој чека понуди од други клубови“, рече тренерот Крочек.

Атанасов пред точно две години дојде во Краковија од Хајдук. Претходно беше дел и од Бурсаспор. За Македонија има одиграно 22 натпревари и постигнато три голови.

Според информациите, Атанасов би можел да продолжи во Полска, во дресот на Миеѓ Легница.

Се вчитува...