Тренерот на ЛА Лејкерс збесна: Побегна од прес-конференцијата (ВИДЕО)

Тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Џеј Џеј Редик беше многу лут на својот тим по болниот пораз од Атланта од 122-102 во синоќешниот натпревар во НБА лигата.

Лејкерс го одиграа својот најлош натпревар во сезоната, а тренерот Џеј Џеј Редик беше исклучително бесен на прес-конференцијата по натпреварот.

„Нема многу што е добро. Хокс играа добро и напорно и ние сме разочарани, ќе го разгледаме добро тоа“, рече Редик.

Кога новинар го праша кога сфатил дека играчите „нема да се вклучат во играта“, тој рече:

„Го сфатив тоа уште во првите две минути. Не видов ништо“ – рече Редик додека луто ја напушташе прес-конференцијата.

Се вчитува...