Тренерот на Лајпциг ја испофали Борусија: За мене Дортмунд е иста класа како ПСЖ

Тренерот на Лајпциг, Џесе Марш, го испофали својот денешен ривал Борусија Дортмунд, и го спореди со ПСЖ.

„За мене, Борусија Дортмунд е иста класа како ПСЖ“, рече Марш, и ги изненади сите со оваа негова изјава.

Пред неколку дена неговиот тим играше со ПСЖ и дојде до бод, израмнувајќи во последните мигови од мечот.

Лајпциг ќе го пречека тимот на Борусија Дортмунд денеска од 18:30 часот во меч од Буднес лигата.

Се вчитува...