Тренерот на Баер Леверкузен Хајко Херлих, вчера потполно се посрамоти на средбата против Борусија Менхенгладбах откако се обиде да изнуди црвен картон за играч од противничката екипа.
Глупавоста на Херлих се случи во 75. минута од натпреварот, кога дефанзивецот на гостите Денис Закарија тргна да ја земе топката со цел да изведе аут, помина покрај германскиот стратег и малку го допре со рацете. Херлих сакаше да одглуми дека фудбалерот неспортски го турнал на земја со цел да добие црвен картон, но на снимката од повеќе агли се приметува дека Закарија воопшто не се ни обиде да му наштети или пак да го повреди тренерот на Леверкузен.
https://twitter.com/GoalUK/status/943613745493770240
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА