Tренерот на Лозана: Потфрливме, иако знаевме дека Вардар е опасен тим

Тренерот на Лозана, Петер Цајдлер сосема очекувано не беше задоволен од поразот на неговиот тим на гостувањето против Вардар во првиот натпревар од 2. квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА.

Вардар, со головите на Мато и Омерагиќ, сосема заслужено дојде до победата од 2-1 која носи сериозни надежи за продолжување на европското лето на црвено-црните.

„Мислам дека ние потфрливме, иако очекувавме еден ваков опасен Вардар и воопшто не не изненади доброто издание на домашните“ – истакна Цајдлер, по синоќешниот дуел, притоа дополнувајќи:

„Беше тежок натпревар за нас во кој од самиот почеток влеговме многу нервозно. Потоа се обидовме и со тактички измени да се поправиме, но бевме лоши во одбраната. Очекувавме дека Вардар ќе игра на овој начин, но ние не одигравме на нашето ниво. Сега ни останува во следната недела да ги корегираме сите недостатоци и да се поправиме за реваншот“.

Се вчитува...