Шкендија ќе има предност од еден гол во пресрет на утрешниот реванш против бугарски Лудогорец, во битката во која двата тима ќе се борат за билет за Лигата на Европа, а поразениот ќе мора да се задоволи „само“ со учество во Конференциската лига на УЕФА.
Тетовци максимално фокусирани и мотивирани ќе влезат максимално мотивирани за да продолжат со испишување историја, додека на спротивната страна, бугарскиот шампион ќе стори се за да ја надополни негативата од Скопје и со победа од два гола во Разград да стигне до ЛЕ.
„Секако очекуваме многу повеќе отколку на првиот натпревар. Беше тешко да се игра на секои три дена, одморот што го добивме поради одложениот меч од бугарското првенство беше добредојден за нас. За жал, се уште не можеме да сметаме на Дуа, Камара и на Андерсон, но верувам во наше добро издание и победа. Од првата минута ќе тргнеме со една цел – да стигнеме до победа, сакаме на сите да им покажеме дека поразот на првиот меч беше само случајност“, изјави тренерот Мота на денешната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

