Тренерот на Лудогорец пред пресметката со Шкендија: Нема да се задоволиме со нерешено, сакаме само победа

Тренрот на Лудогорец, Руи Мота непосредно пред утрешниот меч со Шкендија, ги искажа своите очекувања за овој меч. Португалецот истакна дека ги знае сите добри и лоши страни на противникот, и дека ќе треба секоја шанса да се искористи.

Натпреварот се игра на Националната Арена Тодор Проески во Скопје, и ќе биде прв натпревар во плеј-офот во Лигата на Европа, пред реваншот во Разград за седум дена. Мота истакна дека нема да се задоволи дури ниту со нерешено.

„Натпреварите во Европа секогаш се тешки, но ние имаме свои силни страни. Го анализиравме противникот – ова е тим против кој треба да постигнеме многу голови од ситуациите што ги имаме. Тимот работи добро, се надеваме дека сè ќе се одвива добро. Знаете колку е добар Лудогорец. Сакаме да победуваме, и утре нема да биде поинаку. Нема да играме на  нерешено, туку одиме на победа“, рече Мота. 

Се вчитува...