Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е пред одлука каде да ја продолжи својата кариера. Според последните информации Алиоски ќе избира меѓу англискиот чемпионшиплигаш Лидс јунајтед и италијанската Аталанта.
Алиоски не е дел од подготовките на швајцарскиот Лугано во моментов. Тренерот на Лугано, Пјерлуиџи Тами, кој е со италијанско потекло, како што вели би сакал Алиоски да остане во неговиот клуб, но ако тоа не е можно тогаш сака да го види во редовите на Аталанта.
„Јас секогаш сум подготвен да му кажам добредојде на Алиоски во нашиот тим. Но, јасно е дека ќе биде тешко да го задржиме. Имаше одлична сезона, и постои сериозен интерес за него. Колку што знам Аталанта и уште неколку други клубови ги посакуваат неговите услуги. Ако јас се прашувам тогаш сакам да оди во Аталанта, затоа што јас сум од Бергамо“ – вели Тами, кој е роден во близина на Бергамо.
Според најавите, на почетокот од следниот месец веќе треба да биде дефинитивно позната новата дестинација на македонскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА