Стратегот на Магдебург, Бенет Вигерт, обелодени дека му предложил на противничкиот тренер Талант Душебајев воошто да не го доиграат финалето во ЛШ по траорната сцена откако еден полски новинар колабираше на трибините. Дуелот по пауза од петнаесетина минути продолжи, а по финалето беше објавено дека полскиот новинар починал во „Ланксес Арена“.
Веднаш беше укажана лекарска помош, но беше очигледно дека проблемот е сериозен, а Вигерт бил подготвен играчите воопшто да не се вратат на терен. Бидејќи во тие моменти Киелце беше во водство, тоа ќе значеше и труимф на полскиот гигант, но предлогот бил одбиен од страна на Душебајев.
„Сето ова што се случи е трагедија, покажува каква игра е животот, колку се блиску среќата и тагата. Јас се уште не можам да поверувам што се случи, не можам да опишам колку ми е жал. Додека траеше прекинот отидов кај Талант и му реков да не играме повеќе. Средбата да заврши во тој момент и тие да бидат шампиони. Навистина, има поважни работи од спортот и ракометот, искрено верувам во тоа“, изјави Вигерт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА