Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Маркос Рохо, изјави дека го напуштил клубот поради Хари Мегваер, кој редовно добиваше шанса пред него и покрај катастрофалните грешки што ги правеше во дресот на „црвените ѓаволи“.
Аргентинецот Рохо, кој мина пет години на „Олд Трафорд“ изјави дека најмногу се разочарал кога тогашниот менаџер Оле Гунар Солскјер му соопштил дека Мегваер мора да игра без оглед на формата, поради богатата отштета што му била платена на Лестер.
„Во 2019 година бев многу добар во Англија, настапувавме во Лигата на Европа, но бев многу разочаран од тренерот што ретко ми даваше шанса во Премиер-лигата. Упорно го форсираше Мегваер, тој грешеше на секој натпревар и сепак беше стартер. На крајот отидов во канцеларијата на Солскјер и му реков, или почни да ме играш во првиот тим или ќе си заминам. Тој ми соопшти в лице дека Мегваер морал да игра затоа што го платиле многу пари, без разлика дали греши на теренот или не. Можете да замислите колку бев бесен, потоа следеше и моето заминување од клубот. Среќен сум што сегашниот тренер имаше храброст да го тргне од тимот и што Мартинез стартуваше пред него во голем дел од сезоната“, изјави Рохо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

