Тренерот на Меси го превзема Реал Мадрид?

Алваро Арбелоа е само привремено решение на тренерската позиција во Реал Мадрид по отказот на Чаби Алонсо. Очекувањата се дека на лето „кралскиот клуб“ ќе добие стратег со големо искуство во сениорскиот фудбал, а на врвот на листата на желби на претседателот Перез е Лионел Скалони.

Селекторот на аргентинската репрезентација со освоената титула на Светското првенство докажа дека има тренерски квалитет, но и менаџерски способности да води група на фудбалери од врвна класа како Лионел Меси, Анхел ди Марија…

Скалони како фудбалер со успех настапуваше во Шпанија закитувајќи се со титули во Ла Лига, Купот и Суперкупот на Шпанија па неговото искуство го прави идеален тренер за нови успеси.

Се вчитува...