Мичел со резултатите на клупата на Џирона минатата сезона докажа дека е врвен стратег, а со односот по денешниот домашен пораз од Барселона овој стручњак покажа и дека е голем фудбалски господин.
Џирона имаше негатива од 0-2 пред крајот на првото полувреме кога главниот судија досуди пенал за тимот на Мичел, за неколку минути подоцна по сугестија од ВАР собара да ја промени својата одлука. Сепак, стратегот на Џирона одби воопшто да влезе во дискусија околу влијанието на оваа одлука врз натамошниот тек на натпреварот.
„Пеналот? Искрено, глупаво ми е да се жалам за тој момент… Не верувам дека нешто ќе се променеше, Барса со начинот на кој одигра денеска јасно ни покажа колку сме далеку од тоа нивно ниво, со пеналот или без него“, прокоментира стратегот на Џирона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА