Тренерот на Монако, Себастијан Покоњоли, се осврна на исклучувањето на Мамаду Кулибали во реваншот од Лигата на шампионите против ПСЖ (2:2, вкупен резултат 4:5).
Судијата Иштван Ковач му покажа на играчот од средниот ред два жолти картони во рок од три минути.
„Според мене, црвениот картон беше незаслужен. Беше малку суров, особено имајќи предвид дека беа покажани два картони во рок од пет минути.“, рече Покоњоли и додаде:
„Тој е млад играч. Не е проблем што судијата покажа жолт картон. Но, потоа, десет минути подоцна, ќе беше разумно да му се даде жолт картон на Лукас Хернандез кој го фаулираше Вендерсон пред четвртиот судија. Во тој момент, психолошкиот аспект влегува во игра, и на Хернандез му се вели да „се смири“. За мене тоа се двојни аршини“, изјави тренерот на Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

