Тренерот на Рафаел Надал, Карлос Моја вели дека неговиот пулен тренира многу откако се опорави од повредата на колкот и додаде дека верува дека ќе биде подготвен за Австралија Опен.
Надал нема играно од јануари кога се повреди за време на неговиот натпревар од второто коло на Австралија опен против Мекензи Мекдоналд.
Шпанскиот тенисер беше опериран во јуни, а на теренот би требало да се врати на почетокот на следната година на АТП турнирот во Бризбејн. Австралија опен ќе се одржи од 14. до 28. јануари следната година во Мелбурн.
„Останува уште еден месец, пред тоа е Бризбејн, кој бара тренинзи… Мислам дека ќе биде во позиција да го издржи сето тоа. Но, сега се плашам“, истакна тренерот на шпанскиот тенисер.
Во текот на 2023 година, за прв пат по 20 години, Надал испадна од топ 100 играчи во светот, а моментално е 668. на АТП листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

