Тренерот на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто е суспендиран на три натпревари поради исклучување против Брајтон во Премиерлигата. Форест и Брајтон одиграа нерешено 2-2 минатиот месец, во натпревар полн со инциденти.
Морган Гибс-Вајт од Нотингем Форест беше исклучен во 83. минута по вториот жолт картон, а неговиот тренер Нуно и тренерот на Брајтон Фабијан Хурцелер добија по црвен картон после тоа.
Гибс-Вајт беше обвинет за несоодветна реакција по исклучувањето, беше суспендиран на еден натпревар и мора да плати 20.000 фунти. Тренерот на Форест Нуно беше казнет со 55.000 фунти покрај суспензијата од три натпревари, а неговиот колега од Брајтон ќе треба да плати 8.000 фунти, но избегна суспензија.
Фудбалската асоцијација на Англија објави дека Нуно се однесувал недолично и го навредувал судијата на натпреварот, дека Гибс-Вајт е казнет за недолично однесување и навреда на четвртиот судија, а Хурцелер е казнет за недолично однесување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА