Тренерот на Њукасл: Дефинитивно наша цел сезонава не беше Топ 4

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау признава дека малкумина во клубот верувале дека ќе успеат да се пласираат меѓу четирите тима во Премиер-лигата сезонава. Њукасл ремизираше со Лестер и математички обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Пред само една година овој тим се бореше за опстанок во Премиер-лигата, а потоа нови сопственици на клубот станаа луѓе од Саудиска Арабија, а за менаџер беше доведен Еди Хау.

„Ова е неверојатна ноќ за нашите навивачи. Неверојатно е тоа што го постигнавме. Ме прашувате што очекувавме кога ја почнавме сезоната? Сигурно не требаше да се биде во Топ 4. Се разбира, секогаш се надеваш, веруваш и мораш да сонуваш, но искрено не чувствувавме дека сме подготвени за тоа. По минатосезонската битка за опстанок, прашањето беше дали можеме да се консолидираме и да станеме подобар тим“, изјави Еди Хау.

„Страчките“ последен пат во Лигата на шампионите играа во сезоната 2002/03 под водство на легендарниот менаџер Боби Робсон.

Се вчитува...