Менаџерот на Њукасл, Еди Хау изјави дека обврска е на клубот да му помогне на играчот Сандро Тонали, кој се најде во скандал со обложување, откако призна дека се обложувал на натпревари за Милан, додека играл за овој клуб.
За Тонали и натаму нема изречено суспензија, за разлика од неговиот соиграч во националниот тим Николо Фаџоли кој доби седуммесечна забрана за фудбал. За Тонали се очекува повисока казна.
„Фудбалерите се исто така луѓе – ранливи се и имаат свои пороци. Не треба да ги набљудуваме поинаку од тоа. Едукацијата во младински категории е секогаш важна. Треба уште тогаш да се информираат играчите и да стекнат добри навики. Тоа е многу важно за професионален спортист. Мораме да им обезбедиме услови за подолги кариери. Тонали ќе биде во конкуренција а Кристал Палас. Знаеме дека имаше тежок период зад себе, и ќе има тежок и во следните месеци. Но, колку што гледам добро се носи со ситуацијата. Јас за сето тоа дознав пред неколку дена. Беше изненадување за сите нас, но се случува. Веднаш сакав да се уверам дека Сандро е добар“, рече Хау.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

