Тренерот на Охрид казнет за „војната со судиите“, суспендиран и еден арбитар

Охрид остана без бодови во трилер-дуелот со Фени индустри, а поради бурните реакции кон судиите тренерот Петар Чочороски заработи сериозна казна. Имено, тој нема да може да ја води екипата во следните две кола, а згора на тоа Чочороски ќе треба да плати и парична казна од 38.000 денари, поради техничката и исклучувачката лична грешка што му биле досудени за време на дуелот во Кавадарци.

FENI OHRID ZAPISNIK.JPG

Комесарот за натпреварување Владимир Цветковски му ги изрече овие казни на стратегот на охриѓани, но суспензија од два натпревари заработи и судијата Михајловиќ, кој нема да биде делегиран во следните две кола. Охриѓани најавиле и жалба, но истата не била земена на разгледување бидејќи не е уплатена пропишаната такса, според најновиот Билтен на Комесарот за натпреварување.

KAZNI OHRID FENI.JPG

Се вчитува...