Тренерот на Охрид реагира: Кој ќе ме убеди дека Еурофарм може да игра толку неангажирано

Ремито на градското дерби му донесе значаен бод на Пелистер во трката за место во плејофот, каде еден од ривалите на битолскиот клуб му е и тимот на Охрид.

Стратегот на охриѓани, Горан Андоновски, реагираше по завршувањето на битолското дерби, изразувајќи сомнеж дека ракометарите на лидерот Работник не го даде максимумот во пресметката со големиот ривал.

„Е кој ќе ме убеди сега дека Еурофарм може толку неангажирано да игра на градско дерби. Не ме сакате, ама не е во ред. Разликата меѓу составот на Еурофарм и другите екипи кои се борат за плејоф во моментов е повеќе од драстична. Секоја чест Пелистер, ама то е“ – напиша Андоновски на својот фејсбук-профил, потоа во коментар додавајќи и: „Срамен меч кој го гледаше“.

Работник е сигурен патник во плејофот каде се пласираат најдобрите четири екипи од Супер-лигата, на кои во завршната фаза од натпреварувањето им се приклучуваат Вардар и Металург. За преостанатите три места битка водат Бутел, Пролет, Пелистер и Охрид, па Андоновски со ваквиот коментар јасно става до знаење дека се сомнева во „соседска помош“.

Се вчитува...