Тренерот на Осасуна, Висенте Морено вели дека е подготвен да се бори за победа против Барселона, и не размислува за нерешен резултат. Барселона има шест победи по ред, но Морено вели дека не би се задоволил со нерешен резултат.
Тој истакна дека тимот веќе има голем број нерешени резултати, па затоа не би се задоволил со уште едно „реми“.
„Тешко ми е да се задоволам со реми. Со оглед дека имаме толку многу нерешени резултати, не би се согласил на тоа. Друга работа е тоа што после мечот 90% веројатно ќе помислат дека би било убаво да се одигра со Барса на нејзин терен. Но, ние ќе се обидеме да победиме. Ако тоа не се случи, тогаш би било добро и бод, но сакам да победиме“, изјави Морено.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

