Парма претрпе пораз од 0-2 на домашен терен од Интер, но тренерот Карлос Куеста беше бесен на судиите поради криминалната одлука за досуден офсајд иако фудбалерот на Парма тргна од сопствената половина во моментот на додавањето.
Правилата налагаат помошниот судија да пушти предност, па дури потоа со ВАР-анализа да се утврди дали играчот е во офсајд, но во овој случај помошникот веднаш го крена знаменцето, предизвикувајќи бес на клупата на домашните и кај фановите на Парма на стадионот.
„И како сега мирно да го примам овој пораз. Каква е оваа бламажа, судијата Коломбо свири офсајд, а играчот е на нашата половина, не е ниту блиску до линијата. Резултатот беше 0-1 во тој момент, којзнае што ќе се случеше ако судиите не решеа директно да му помогнат на Интер. Јас на клупата, сите на стадионот, луѓето пред ТВ-екраните, сите видоа дека не е офсајд, само судијата се правеше слеп, па дури и ме убедуваше потоа дека ја донел правилната одлука. Јас реагирав бурно и се извинувам поради тоа, но срамота е ова што се суди против Парма. Не знам зошто се игра фудбал во Италија, очигледно уште пред почетокот на сезоната се решава кој треба да биде прв, кој да игра во Лигата на Шампионите, а кој да е бори за опстанок. Срамота“, бесен беше Куеста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

