Тренерот на Партизан е вистински хит: Најпрво беше неопходно да го исфрлиме алкохолот од себе, по толку забави, прослави…

Богдан Караичиќ, за првпат во својата кариера, вчера беше прв тренер на Партизан и веднаш го привлече вниманието на себе со прес-конференцијата по победата над ФМП од 84-74 во полуфиналето на српскиот шампионат.

Поради отсуството на суспендираниот Жељко Обрадовиќ, младиот стручњак доби можност да го предводи Партизан и успеа да ги врати црно-белите кон пресврт и триумф. А по мечот со хит изјава која веќе стана популарна низ целиот регион.

„Покушевски направи сè што побаравме од него и сè што беше кажано. Беше убав и интересен натпревар, малку комичен за нас поради некои работи. Вашингтон и Покушевски го добија натпреварот и се чувствувам виновен што не се зборува повеќе за Покушевски во нашата јавноста. Тој отиде рано во НБА, целото внимание треба да биде на играчите, а не на други работи“, започна Караичиќ и откри зошто Бонга и Маринковиќ не влегоа во игра:

„Тие имаат мали повреди. Не сакаме да ризикуваме ништо. Имавме 297 работни дена, тоа се околу 240 тренинзи и 70 или нешто повеќе натпревари, кои двајцата ги одиграа повеќето од нив. Не сакаме да ризикуваме со повреди“.

А, на самиот крај, вистински хит на пресот со изјавата дека сака играчите да го исфрлат алкохолот од себе.

„Не ме интересираше резултатот ниту на почетокот, ниту на крајот. Тоа ќе беше вознемирувачки фактор и ќе донесеше фрустрација кај мене и кај играчите. Сакавме на стартот да ги исфрлиме деловите од алкохолот од нашите тела и да почнеме да играме подобро. Мислам дека успеавме да го направиме тоа и сите беа поактивни во третата и во четвртата четвртина. Воопшто не трениравме, бевме на прослави и забави. Па, Балша вчера организираше и вечера за целиот тим, што не беше баш убаво на еден ден пред натпреварот. Тоа кажува каква е хемијата. Мило ми е што ова не го расипува впечатокот и ми е мило што навивачите беа таму. Би сакал ние како општество да бевме поумерени во некои работи. Ќе беше подобро за нас, но тоа дефинитивно нема да се случи“, заврши Караичиќ низ смеа.

Се вчитува...