Прилепска Победа ги доживува можеби најтешките мигови откако се натпреварува во Втората лига. Минатата сезона едвај се спаси, а годинава проблемите се уште поголеми, ако се има во предвид дека во првите пет кола тимот има само еден бод, и дури 18 примени голови.
Дека работата во Победа не е сјајна, говори и резултатот на гостувањето на Авткоманда пред неколку дена, кога прилепската екипа загуби со убедливи 8-1. Логично, екипата денеска остана без шеф на стручен штаб, откако младиот тренер Стојанче Дунимаглоски се одлучи да поднесе оставка.
Наскоро екипата ќе добие нов тренер кој ќе има речиси невозможна мисија, со оглед дека Победа во првите неколку кола покажува дека е најсериозен кандидат за испаѓање и од Втората лига.
Претходно Победа загуби и од Преспа со 5-0, од Охрид со 3-2, а беше поразена и од Башкими во Купот со 0-4, и од Кожуф со 1-2 во првото коло. Одигра само нерешено против Детонит (2:2).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

