Тренерот на Ремс, Самба Диавара го коментираше финалниот натпревар против ПСЖ во Купот на Франција. Тој рече дека против себе ќе имаат противник кој е „од друга планета“, како и за тоа дека размислуваат да „паркираат автобус“.
Два пати оваа сезона Ремс се сретна со ПСЖ, и интересно е тоа што не загуби ниту на едниот од нив (двата меча завршија 1:1).
„Точно е дека не загубивме сезонава, но многумина зборуваат дека сме паркирале автобус. Сега во финалето ќе паркираме трамвај, така ќе биде најдобро. Според мене, тоа е тим од друга планета. Прво се сретнавме со нив на датуми кои беа добри за нас, односно тие беа во подготовки за мечеви во ЛШ или доаѓаа од одигран меч во ЛШ. Ако имаме малку среќа, се надевам дека ќе играат во финалето во ЛШ. Вистина е дека ни оди добро, но ова е тим кој во моментов никој не може да му парира. Тие се непобедливи, па дури и во Европа каде што го минаа одличниот Ливерпул кој најверојатно ќе ја освои титулата во Англија“, рече Диавара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА