Тренерот на Севилја доби отказ по ремито против Рајо Валекано на Столе Димитриевски

Раководството на шпанскиот прволигаш Севилја официјлно му врачи отказ на тренерот Хозе Луис Мендилибар по новиот неуспех во Ла Лига во 9. коло во кое тимот од Андалузија ремизираше со 2-2 против Рајо Валекано на македонскиот голман Столе Димитриевски.

Мендилибар кој претходната сезона и донесе на Севилја трофеј во Лига Европа новата сезона ја започна со четири порази, пет нерешени натпревари и само две победи што беше повод за промена во тимот.

 

Се вчитува...