Тренерот на Севилја на полувремето им кажа на играчите дека има канцер, тие од 0-3 дојдоа до 3-3

Емотивна приказна се крие зад големото враќање на Севилја на синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите против Ливерпул. По првиот дел, Севилја губеше со убедливи 0-3, а на полувремето тренерот на овој тим, Едуардо Севилја, во нервоза им откри на фудбалерите дека е болен од канцер на простата и дека тоа е животната битка што го очекува во наредниот период. Покрај тоа, побара пријателски од своите фудбалери и да не му носат дополнителни грижи со лошата игра против Ливерпул.

Тие излегоа на теренот во второто полувреме, постигнаа три гола и стигнаа до 3-3.

Едуардо Берицо сега ќе треба да се посвети на многу поголема животна битка, наредните денови најверојатно треба да биде опериран, а клубот Севилја ја истакна својата поддршка за тренерот и најави дека ќе биде со него во овие тешки мигови.

„Темата е деликатна, клубот ќе биде со Едуардо Берицо во секој миг од тоа што го очекува“, изјави претседателот на Севилја, Хозе Кастро, најавувајќи дека во текот на денешниот ден ќе има и прес – конференција.

 

Се вчитува...