Македонскиот фудбалски шампион, Шкупи утре ќе му гостува на Шамрок Роверс во првиот натпревар од 3. квалификациско коло во второто по ранг европско фудбалско натпреварување, Лигата на Европа.
Тренерот на шампионот на Република Ирска, Стивен Бредли вели дека секој тим што може да му парира на Динамо во два меча го покажува квалитетот на клубот.
„Шкупи е многу опасен тим, исто како и останатите со кои игравме во Европа. Секој тим што може да му парира на Динамо во два меча го покажува квалитетот на клубот. Имаме почит кон нив и мора да наметнеме нашиот стил на игра, а ако успееме во тоа, тогаш знаеме дека имаме квалитет да победиме и да го елиминираме ривалот“, изјави Бредли.
Натпреварот ќе се игра утре со почеток во 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА