Тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес, ја отфрли можноста дека тимот намерно ќе бара реми кога ќе му гостува на Пари Сен Жермен во среда во последниот натпревар од главната фаза во Лигата на шампионите.
И германскиот и францускиот тим имаат шанси да влезат во топ 8 и директно да се пласираат во осминафиналето, меѓутоа со нерешен резултат двете селекции одат во плеј-оф рундата, и тоа во 1/16 финалето.
Единствено опција да испадне со реми за Штутгарт, е Динамо Загреб да го победи Милан со најмалку седум голови разлика, што е речиси невозможно.
„Не знаеме да одиме на нерешено. Сакаме да бидеме подготвени најдобро што можеме и да ја играме нашата игра. Против противник како ПСЖ треба да можеш да одговориш на максимално ниво. Ќе пристапиме на престојниот натпревар како и на секој друг. Очекувам ПСЖ да оди на победа, исто и ние“, рече тренерот на Штугарт, Себастијан Хенес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

