Тренерот на Сутјеска со пиштол доби отказ од клубот

Црногорска Сутјеска беше елиминирана од третото квалификациско коло во Конференциската лига од Санта Колома од Андора (2-0, 0-3) што донесе вистински хаос во клубот.

Тренерот Ненад Брновиќ и неговиот стручен штаб биле повикани  кај раководството каде биле обвинувани, а атмосферата се вжештила толку што им извадиле и пиштол.

„Во таа пригода, моите соработници и јас вербално, а потоа и физички бевме нападнати со цел да бидеме присилени да поднесеме оставки. По нашето инсистирање да ги решиме проблемите и нивните барања на спортски и култирен начин, следеше жесток напад од страна на припадник на обезбедувањето на стадионот, кој резултираше со повлекување пиштол и негово репетирање. Успеавме без тешки последици да се повлечеме од состанокот, по што, на излезот од зградата на општина Никшиќ, лично ни се заканија од страна на навивачите и ни рекоа дека повеќе не ни ја гарантираат безбедноста“, соопшти Брновиќ

Се вчитува...