Тренерот на Тернана: Знам дека Несторовски ќе биде наше засилување летово

Членот во Серија Б, Тернана официјално тргна по потпис на македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски, пренесуваат италијанските медиуми.

Несторовски е слободен фудбалер откако му заврши договорот со Удинезе, чиј член беше во изминатите четири години, а Тернана се појави како најзаинтересирана страна за да го ангажира. Тренерот на овој тим Кристијано Лукарели е убеден дека Македонецот ќе биде нивно засилување.

„Ќе има уште некое заминувања и неколку доаѓања за да се комплетира тимот. Нашата амбиција е да останеме во Серија Б, а откако Корадо остана, со Несторовски и Масиу, убеден сум дека ќе ја исполниме целта. Убеден сум дека Несторовски наскоро ќе нѐ засили“, рече Лукарели.

Се вчитува...