Тренерот на ТНС, Скот Раскал ја препушта отворено фаворитската улога на Шкендија пред пресметката на двата тима во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Иако пред ждрепката во УЕФА, всушност велшкиот шампион беше на листата на носители добивајќи ја Шкендија од аутсајдерската листа, сепак во ТНС се свесни, како што велат, за квалитетите на македонската екипа.
„Добро ја анализиравме Шкендија и јасно е дека се работи за квалитетна екипа. Ние сме свесни дека ќе биде многу тешко да се мине Шкендија, која е најсилната екипа која можевме да ја добиеме во ждрепката. Но, секако ние сме тука во Скопје и носени од желбата за натпреварување. Ќе се обидеме да дојдеме до позитивен резултат, па потоа на домашен терен пред нашите навивачи да се обидеме за пласман во следната рунда“ – вели Раскал.
Сосема еднакво е размислувањето и на најдобриот фудбалер на велшкиот шампион, Џејми Молан…
„Подготвени сме за овој натпревар. Добро е што и времето во Скопје не е со температури препознатливи за овој регион, туку оние кои нам ни одговораат. Знаеме дека Шкендија е многу силен тим. Ние ќе мора да одиграме максимално ако сакаме позитивен резултат“ – вели Молан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА