Тренерот на Тотенхем нема дилема: Тој играч ќе ја освои Златната топка

Екипата на европскиот првак ПСЖ синоќа го победи тимот на Тотенхем со 5-2 во Лигата на шампионите, а на тој натпревар блескаше играчот од средниот ред Витиња кој постигна три голови.

Од него воодушевен беше и противничкиот тренер, Томас Франк кој рече дека Португалецот ќе биде идниот освојувач на Златната топка.

„Следниот освојувач на Златната топка повторно ќе биде од ПСЖ. Тоа ќе биде Витиња. Каков играч! Тој е најдобриот фудбалер од средниот ред во светот во моментов, и затоа ќе биде идниот освојувач на Златната топка“, рече Франк.

Се вчитува...