Столе Димитриевски конечно доби шанса во тимот на Валенсија, бранејќи на синоќешниот куп-дуел што неговиот тим го доби со убедливи 0-5 на гостувањето против Марекена.
Македонскиот репрезентативец неправедно е изоставуван од страна на тренерот Карлос Корберан од стартот на сезонава, па првото прашање кон стратегот на Валенсија по синоќешниот триумф се однесуваше токму за Димитриевски.
„Можам да кажам само позитивни работи за настапот на Димитриевски, начинот на кој го контролираше мечот. Видов како презема иницијатива, како им дава поддршка на помладите играчи. Можам да кажам дека Столе ми е од голема помош во соблекувалната. Задоволен сум од неговиот настап денеска“, изјави Корберан.
Изјавата делува максимално „политичка“, па тешко е да се поверува дека Корберан ќе го промени ставот и ќе му даде шанса на Македонецот во Примера, па Димитриевски доколку реши да остане на „Местаља“ ќе мора да се задоволи само со настапи во Копа дел реј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

