Тренерот на Валенсија со пофалби: Димитриевски беше одлучувачки фактор

Тренерот на Валенсија, Карлос Корберан на прес-конференцијата после натпреварот против Картагена во Купот на Шпанија, со пофалби за македонскиот голман Столе Димитриевски, кој, конечно, доби шанса да стартува и да заврши еден натпревар за својот тим.

Корберан рече дека Димитриевски бил клучен фактор за победата на Валенсија во тој натпревар, не само поради одбранетиот пенал, туку и поради изведбата во целиот натпревар.

„Димитриевски одигра многу добар натпревар, не само поради пеналот, туку и поради неговата смиреност и контролата на ситуацијата. Противникот не создаде многу шанси, но имаше многу противнапади кои ни прават повеќе проблеми. Сметам дека беше одличен и одлучувачки за победата и нашиот пласман во следната рунда“, рече Корберан.

Оваа одлична партија на Димитриевски доаѓа по серијата на критики поради интервјуто дадено во македонски медиум дека не брани поради клаузула на првиот голман, што предизвика остри реакции од Шпанија. Димитриевски се извини за потегот, а вчера доби шанса и максимално ја искористи.

Се вчитува...