Тренерот на Верона обвинет дека играле за Јувентус, а тој им порача на новинарите: „Ај, не сер*те!“

Верона со реми (1-1) на гостувањето против Наполи им скрати на „наполитанците“ место во Лигата на шампионите, а овозможувајќи Јувентус да се радува на елитното натпреварување.

Веднаш по мечот водителот на италијанскиот „Скај спорт“, Масимо Уголини во разговор со тренерот на Верона, Иван Јуриќ констатираше дека Верона, за разлика од претходните натпревари кои ги одиграла без мотив, сега нешто била посебно мотивирана за овој меч, алудирајќи дека играле за Јувентус.

„Вечерва одлучивте кој ќе игра во Лигата на шампиони. Место Наполи, таму го испративте Јувентус. Игравте многу поразлично од претходните изданија. Колку ви беше тоа тешко“ – почна италијанскиот новинар, но Јуриќ луто го прекина.

„Веднаш на почетокот огромно се*ење. Мора да ја почитувате Верона, не може така да зборувате со нас! Дали ви е јасно? И мора да ги гледате сите натпревари на Верона пред да се дрзнете така да ја коментирате“ – беше бесен Хрватот.

Уголини се обиде во неколку наврати да го заврши прашањето со дообјаснување, но тренерот од Хрватска не го дозволи тоа.

„Не, нема вие ништо да завршите! Не сакам да зборувам со вас затоа што не знаете што е почит. Нашата екипа секогаш на терен давала се од себе, а сега дали тоа било доволно за победа, реми или пораз е нешто друго. Вашиот став и начинот на кој го поставувате прашањето е сосема погрешен. Ова може вака само во Италија, такви сомнежи и обвинувања без основа. Веднаш да ми се извините“ – викаше Јуриќ, одлучувајќи да го напушти кадарот…

Се вчитува...