Тренерот на Џирона: Титулата не е нашата цел, сакаме да играме во Европа

Тренерот на Џирона, Мичел Санчез вели дека неговиот тим нема сила да се бори за титулата во Ла Лига. Тој смета дека Реал Мадрид е далеку подобар од неговиот тим.

Санчез вели дека главна цел на Џирона е пласман на едно од местата кои носат во Европа идната сезона, настојувајќи да се избегнат еуфорични коментари околу борба за титулата.

„Освојувањето на Ла Лига не е наша цел. Одиме меч по меч, и сакаме да играме во Европа. Ние веќе се запишавме во историјата. Против Атлетико одигравме многу добар меч. Моите играчи имаат неверојатен карактер и покажуваат добра игра и во тешки времиња. Секогаш се трудиме да одиме напред, а Европа е нашиот сон. Со Реал Мадрид не можеме да се бориме, многу е тешко да се освојуваат бодови на секој меч“, вели Санчез.

Одличните игри на Џирона под водство на Санчез не останаа незабележани во фудбалска Европа, па така овој стратег сега се поврзува со преселба во Премиер-лигата, и тоа како предводник на екипата на Њукасл.

Се вчитува...