Тренерска смена и во ВМФЛ: Осогово се раздели со Илиевски

Добринко Илиевски не е повеќе тренер на Осогово. Двете страни спогодбено се разделија, по серијата на лоши резултати на почетокот на сезоната во Втората лига.

Илиевски во минатото беше помошник во Вардар, а беше и на чело на штипска Брегалница.

Со ова тренерските смени почнаа и во Втората македонска лига. Вчера тренерски смени имаше меѓу прволигашите Вардар и Брера. Вардар на местото на Петрески го донесе Захариевски, додека Брера бара нов тренер откако се раздели со Бојан Круљ. Најверојатно него ќе го замени Горазд Михаилов.

Се вчитува...