Управата на Севилја донесе одлука да му врачи отказ на Чави Гарсија Пимиента, откако овој стратег не ги оправда очекувањата со слабите резултати во последно време.
Севилја цела сезона игра променливо, но по четирите порази во низа овој тим се приближи до долниот дел од табелата, поради што беше запален алармот кај раководството на клубот. Интересно, клубот од Андалузија пред неколку месеци ја активираше клаузулата за уште една дополнителна сезона соработка со Пимиента, година што сега ќе треба да му биде исплатена на отпуштениот тренер.
За нов кормилар именуван е Хоакин Капарос, искусниот стручњак кој од понеделник ќе ја стартува својата четврта авантура како шеф на стручниот штаб на Севилја. Тој ја внесе Севилја во Примера во 2001 година и останна во овој клуб во 2005. Во 2018 и во 2019 доаѓаше пред крајот на сезоните за да помогне да се избори место во европските натпреварувања, а овојпат за цел ќе има да го осигура опстанокот во елитното друштво.
Капарос во првиот меч по враќањето на чело на Севилја ќе го пречека тимот на Алавес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА