Тренерска смена во Автокоманда: Екс селекторот Јонуз го презеде Скопје

После поразот од Работнички од 4-0, екипата на Скопје има нов тренер. Веднаш после тој меч Славчо Георгиевски – Тупан поднесе оставка, која овојпат беше прифатена, а денеска тимот од Автокоманда го назначи екс селекторот Мирсад Јонуз за нов шеф на стручниот штаб.

Последен клуб на Јонуз му беше Лусаил, а тој се враќа на клупскиот фудбал после 20 години, откако во 2003 година беше тренер на Работнички. Потоа стана селектор на младата селекција, па на сениорскиот национален тим. Од 2012 до 2020 година имаше интернационална кариера во Не Саламис, Агинаикос, Влазнија, Лусаил. Кратко беше и во раководните структури на тогашниот прволигаш Хоризонт Турново во сезоната 2014/2015.

Јонуз ќе има цел да го спаси Скопје од испаѓање во Првата лига. Моментално тимот е на последното место на табелата со 13 бодови, и со само шест постигнати гола. Исто бодови има и Победа, и меѓу овие два тима ќе се води жестока битка кој тим директно ќе ја напушти „елитата“, а кој ќе брка опстанок преку баражот.

Се вчитува...